Јаневска: Во септември ќе има учебници за сите ученици

Јаневска: Во септември ќе има учебници за сите ученици

Средношколците и основците конечно ќе ги добијат учебниците кои им недостасуваат. Министерката за образование, Весна Јаневска најави дека на почетокот на учебната година во септември, во најголем дел, овој проблем ќе се надмине.

  • „Да, во септември ќе има учебници. За основно ќе има за сите учебници и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците – изјави Јаневска која беше на поставување камен темелник на основно училиште во Драчево.“

Таа додава дека за образованието нема време за чекање и реформи чекор по чекор. Тие ќе се одвиваат паралелно, во основното, средното и високото образование. Во фокусот засега е реформа на целеодневната настава, која ќе трае подолго од вообичаеното. Таа за почеток ќе се спроведе во паралелките до 4то одделение, а подоцена ќе се прошири. Вели дека тоа не треба да ги загрижува учениците.

  • „Тоа се однесува главно на оние изборни предмети, како што се додатни часови по математика, македонски, англиски, драмски секции, хор, оркестар, сликање, животни вештини… Со тоа ќе им го пополниме врмето. Да не мислат децата дека 6 или 8 часа ќе треба да стојан над книга. Во меѓувреме, ќе имаат слободен час, да напишат домашно, проект да направат. Во колку што е можно училишта, тоа ќе го направиме веднаш.“ – Додаде министерката Јаневска.

Јаневска додава дека работат и на надминување на проблемот со доцната исплата на на стиепнедиите на студентите и учениците. Вели дека тоа ќе се случи по најавениот ребаланс на буџетот, а со него и план за зголемување на платитие на просветните работници, како и генерално подобрување на условите во кои работат. Со почетокот на новата учебна година, најави и рефома со која ќе се надминат недостатоците на системот е-дневник. Нов информатички систем во образованието кој предвидува нова програма за електронска евиденција на оценки, изостаноци и часови во основното и средното образование, со која ќе се овозможи и прибирање податоци за целокупно унапредување на образовниот процес во земјава.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста