Jаневска: Следна година покачување на плати, годинава ќе има учебници, се укинува пролетниот распуст

Jаневска: Следна година покачување на плати, годинава ќе има учебници, се укинува пролетниот распуст

Повисоки плати за 12% ќе добијат вработените во образованието од март следната година. Министерката за образование Весна Јаневска рече дека веќе биле остварени средби со претставниците од СОНК и со министерството за финансии и дека покачувањето ќе биде направено според колективните договори и растот на Бруто Домашниот Производ.

„Направени се сериозни разговори во Владата и со Министерството за финансии и тие во март следната година ќе добијат, според тоа како се движи бруто домашниот производ и според колективниот договор, покачување од 10 до 12 проценти. Мислам дека тоа ќе биде 12 проценти“, рече министерката за образование Весна Јаневска.

Министерството за образование се погрижи и годинава да има учебници за сите ученици. Во моментов се печатат стотици илјади учебници, а дел се дистрибуирани, додека останатиот дел ќе почне да се дистрибуира во моментот кога ќе излезат од печат. За седмо одделение ќе се печатат по стара програма.

„Учебници ќе има за сите одделенија. Нагласувам како и многу години наназад, за жал не по моја вина, затоа што постаспката е се уште во одредени процедури. Нема да има учебници за странски јазици. Но, учебници за странски јазици ќе има догодина и нема да има печатен хартиен материјал, за јазиците на заедниците“, додаде Јаневска.

Јаневска информираше и дека нема да има пролетен распуст за учениците во наредната учебна година, затоа што така покажале финалните анкети на родителите, а истото го мислат и повозрасните ученици. Додаде и дека учебната година ќе започне од 2 септември.

Инаку Јаневска денес беше во посета на општина Гази Баба, каде со градоначалникот Бобан Стефковски извршија увид на активностите на изградбата на спортската сала, во рамки на оснвното училиште „Наум Охридски“.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста