Јаневска им вети на студентите дека ќе следи зголемување на сумата за студентскиот оброк

Јаневска им вети на студентите дека ќе следи зголемување на сумата за студентскиот оброк

Преговорите помеѓу Владата и СОНК, за зголемување на платите на наставниците,  се уште е во фаза на дискусија, вака министерката за образование, Весна Јаневска, ја коментира  средбата помеѓу синдикатот, премиерот и министрите за финансии, економија и труд, што се одржа вчера. Јаневска, е оптимист дека ќе бидат понудени решенија со кои ќе се подобри стандардот на вработените  во образованиот систем

  „ Деталите се уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Се разговараше за идните можности, се разговараше за методологија, за потребите на наставниците, за можностите на државата. Продолжуваме и понатаму да изнаоѓаме соодветни решенија на општо задоволство на сите„ изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Подобар студентски стандард, денеска од Штип на студентите им вети министерката Јаневска. Таа најави подобри услови во студентските домови, како и зголемувње на сумата за студентскиот оброк. За колку проценти ќе се зголеми, ќе зависи од буџетските средства предвидени за наредната година

 „ Во Буџетот за следната година 2025, предвидуваме зголемување на студентскиот оброк. Во фаза на реконструкција се два дома во Скопје, но се предвидува повеќегодишна реконструкција на повеќе домови ширум земјата„ изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска

Јаневска, посочи дека  се зголемен обемот на стипендии, а со промена на правилниците е овозможено и студентите кои имат завршено со 180 кредити да може да аплицираат за постдипломски студии.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста