Јанева се соочи со Русковска – не чувствувала вина за аферата „Рекет“

Не чувствува вина – шефицата на СЈО и најповиканата во аферата „Рекет“ по четири часа замина од Обвинителството и тоа со насмевка на лицето. По соочувањето со Вилма Русковска, Катица Јанева се соочи и со новинарите.

-(ПРАШАЊЕ: Госпоѓо Јанева, дали очекувате да се прошири истрагата и на вас?) Не знам што да кажам, тоа треба да ја прашате обвинителката. (ПРАШАЊЕ: Дали чувствувате вина?) Јас не, изјави Јанева.

Иако вели дека не чувствува вина, Јанева изрази надеж дека ќе почне судски процес, на кој ќе се гледала со новинарите.

-Се надевам дека ќе има судење, каде што ќе бидете присутни исто, ќе се гледаме.

Јанева отиде и контра Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, велејќи дека телефонот кој првично беше кажано дека го загубила, а подоцна беше пронајден кај девојката на нејзиниот син, не бил форматиран.

-(ПРАШАЊЕ: Зошто го форматиравте вашиот телефон?): Мојот, не е форматиран, изјави Јанева.

Дека Јанева очигледно е привилигирана во целата афера укажува и присуството на адвокат додека додека даваше исказ, нешто што било забрането за сведоците во СЈО, што не беше демантирано од страна на специјалната обвинителка.

-(ПРАШАЊЕ: Зошто имавте потреба од адвокат?) Тоа не е забрането, можам да одам јас со правни консултанти секогаш. (ПРАШАЊЕ: Вие во СЈО имавте забранувано сведоци со адвокати) Можеби биле забранувани, изјави Јанева.

Новинарите имаа уште голем број прашања, но нејзиниот адвокат ја спречи Јанева да одговори на истите. Инаку адвокатот на специјалната обвинителка денеска беше Стеван Павлески, кој е бранител и на Цветан Панделески во случајот „Империја“ на СЈО, па се поставува прашањето дали можеби има судир на интереси.

Катица Јанева од обвинителството си замина онака и како што дојде – со службен автомобил и службен возаж

Исказот на Јанева во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција траеше нешто повеќе од четири часа. Таа тука беше како сведок, а дали во понатамошниот дел од постапката ќе боде осомничена останува да видиме.

Матеја Петровски