Јана не издржа- Чекајќи на ФЗОМ почина 33 годишната охриѓанка

Силното срце на 33 годишната охриѓанката Јана Арсовска, престана да чука. Замина нашата Јана која 5 години лавовски се бореше со многу агресивен и многу редок вид на рак.
Таа безмалку една година се виеше од неподносливи болки и без потребната терапија, деновите ги поминуваше во постела, помеѓу 4 ѕида. Помина низ две трансплантации на матични клетки,многу хемотерапии, зрачења, но болеста сеуште не поминуваше.
Од германската клиниката во Флензбург каде Јана се лекуваше предложија да прима имунитерапија со антитела кои ги уништуваат малигните клетки,но тоа чинеше многу пари,приближно половина милион евра.
Навидум,звучеше поразително,но животот на Јана немаше цена за нејзините најблиски и за сите племенити луѓе кои несебично помагаа.Семејството успеа да пронајде институт во Њујорк кој се занимава со лекување на пациети кои боледуваат од истата болест како Јана и од каде ги упатија да се обратат во соодветна Клиника во Барселона каде лекувањето чини 213.500 евра.
За Јана секој ден беше скапоцен,таа требаше да биде на клинката во Барселона на 15 септември, но семејството не успеа толку бргу да ја собере потребата сума на пари,бидејќи Фондот за здравство одби да одобри сретства за да продолжи лекувањето на Јана.
Таа водеше и правна битка против здравствениот систем по одбивањето на нејзиното барање за соодветно лекување и нега на товар на државата.
Јана замина, нов спорот околу незаконското одбивање на ФЗО за нејзиното лекување се уште е во Вишиот управен суд, каде дојде откако по одлуката на Управниот суд случајот на Јана да биде повторно разгледуван, Фондот за здравствено осигурување поднесе жалба.
Веста за смррта на Јана ја потресе целата макединска јавност, гневот и лутината на социјалните мрежи не стивнуваат.
– Безнадежно, жално и ужасно,умираат луѓе чекајќи лек во систем кој се распаѓа и гние, без вредности, без чувства.
-Каква бедотија од држава сме ние,зарем имаат душа ова да го прават,Македонија ти си голем страм-ова се дел од кометарите на социјалните мрежи.
Јана почина вчера попладне на привината клиника во Солун,не испеа да ни се оддолжи на сите нас –со тоа што ќе оздрави,како што ни вети.
Росица Голабоска