ЈАКИМОВСКИ И ВАШИНГТОН СО НАЈДОБАР СТАРТ ВО НЦАА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 13 ГОДИНИ

Македонската кошаркарска надеж Андреј Јакимовски продолжи да реди победи со Вашингтон Стејт во новата сезона од НЦАА лигата. Веќе имаат седум триумфи во низа откако на свој терен беа подобри и од Прејри Вју со 90-62. Јакимовски за 28 минути на паркетот реализира 11 поени, плус четири скока, и по една асистенција и украдена топка. Ваков старт „Кугарс“ не паметат уште од 2007 година, кога исто така ја отворија сезоната со седум победи по ред.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста