Јабланица завеана, четири села без струја

Снегот ја завеа Јабланица. Во селото кое се наоѓа на 1.100 метри надморска височина, 4 дена без струја, храна и огрев – 350 жители од кои повеќето старци се борат да преживеат на минусни температури. Ништо подобро не е и во останатите 5 села во струшко Безево, Пискупштина, Нерези и Горна Белица, мештаните ги трошта последните резерви од храната која се расипува, а до градот тешко се стигнува.

„Јас не знам дека постои на светов човек што би го оправдал ова да немаме денешно време струја. Со стари луѓе, со болни, патот тесно пробиен на некои места ич не пробиен, во малскиве патишта некои се тотално отсечени сеуште. Сега една жена сретнав вели децата не одат на училиште заради тоа што нема пат. Луѓето си имаат и фриждери полни спремни за зимата ќе му се расипе храната“, вели Илчо Цоклески, жител на Јабланица.

Без струја сеуште се и 3 села во општина Дебрца, граѓаните гневни – сред зима во услови на неподнослив студ оставени сме сами да се снаоѓаме велат жителите и оние кои одлучиле да заминат од метрополата и животот да го поминат во идилична селска средина, неверувајќи дека и тоа може да се случи, да останат со денови без струја.

„ЕВН Македонија како оператор кој ја добил лиценцата да снабдува со електрична енергија, нема интерес да инвестира и да ја замени истата која е дотраена заради тоа што таму имало многу мал број на жители. По закон ни 24 часа не смее да не остави.Во селово се се’ возразни стари луѓе, што има врска нека цркават да се изразам жаргонски, нека се снаоѓаат. Значи тоа беше страшно буквално среден век“, вели Јелена Милојевиќ.

Опрандан е револтот кај граѓаните, во зима, редовна појава е во Дебрца да нема струја, вели градоначалникот на општината.

„Во однос на електродистрибутината мрежа која на подрачјето на Општина Дебрца се работи во голем дел за застарени мрежи кои што не се санирани односно не се реконструирани долги години, да не речам децении“, рече Зоран Ногачески, градоначалник на Дебрца.

Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на санација на дефектот во многу тешки услови на непристапен терен. Моментално без струја се селата Јабланица, Локов, Селци, Ржаново и Буринец.

Во Дебрца е нормализирано снабдувањето со електрична енергија кај сите села освен едно со 5-6 жители во Горна Дебрца. Екипите работат во многу лоши услови и непристапен терен со снег од 50-60 цм-се вели во соопштението кое ни го испратија од ЕВН Макединија. Од таму уверуваат дека во текот на денот ќе се нормализира снабдувањето со електрична енергија.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста