Извршителите почнаа со работа, од денеска на располагање им се сметките од граѓаните и компаниите

Сметките на граѓаните и фирмите од денеска стануваат достапни за извршување. Извршителите по кратката пауза почнуваат со работа. Ќе се чешлаат сите оние кои биле блокирани пред 1 април, но ќе почнат и нови блокади, за нешто повеќе од 33.000 предмети кои до сега стигнале за извршување.

Од Министерството за правда велат дека немаат можност да ја продолжат Уредбата со која речиси 4 месеци се „замрзна“ извршувањето, бидејќи завршила вонредната состојба. Во меѓу време, иако имаа законска можност да побараат стопирање, ниту банките ниту компаниите кои нудат режиски услуги, до сега тоа не го направиле.

– До овој момент такви разговори нема. Сопгласно уредбата донесена од владата, по истекот на 30 дена од престанувањето на вонредната состојба продолжува да се применува законот за извршување за сите отпочнати извршувања, вклучувајќи ги и предметите започнати до 31.03.2020 година, велат од македонската банкарска асоцијација.

Од Комората на извршители се децидни дека никој од нив не побарал одложување на извршувањата. Велат дека иако извршувањето од сметките на граѓаните и фирмите било запрено со владина уредба, сепак целосно не била стопирана пресметката на каматата, што значи дека по завршување на грејс-периодот вратениот износ ќе биде зголемен.

Според податоците до март биле блокирани над 106.000 сметки, од што 26.000 биле на правни лица, а 80.000 на граѓани.
Инаку, извршителите од сега освен што продоилжуваат да ги извршуваат блокираните сметки на граѓаните и фирмите, ќе блокираат и нови долгови, а продолжува и продажбата на запленетите недвижности.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста