Извозот во Германија со најголем пад по обединувањето во 1991 година

Извозот на Германија пропадна најмногу од историското обединување во 1990 година, кога почнаа да се собираат податоци, соопшти денеска германскиот завод за статистика Дестатис.

Извозот од најголемата економија во Европа е намален дури за 11,8 проценти на месечно ниво во март, според најновите податоци на заводот за статистика.

Остриот пад на извозот следеше по три последователни месеци на раст, и е резултат на големиот пад на глобалната трговија поврзан со ширењето на епидемијата на коронавирус ширум светот.

Се зголеми за 1,2 проценти во февруари од претходниот месец, покажуваат податоците на „Дестатис“.

Аналитичарите предвидуваа во просек пад од 5 проценти во март, потсетува новинската агенција ДПА.

Увозот падна за 5,1 процент во март во однос на февруари, кога падна за 1,5 проценти. Аналитичарите очекуваа просечен пад од 4 проценти.

На годишна основа, извозот потона дури за 7,9 проценти, погоден од паѓањето на побарувачката од најголемите германски трговски партнери во еврозоната, за дури 14 проценти.

Увозот падна за 4,5 проценти во однос на март минатата година, тонејќи за 14,6 проценти , полошо само од Велика Британија, се вели во извештајот на „Дестатис“.

Во такви околности, трговскиот суфицит во надворешно трговскиот биланс на Германија падна за 22 проценти во март на 17,4 милијарди евра. Во февруари, изнесувал 20,6 милијарди евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста