Изворите секнаа, охриѓани пијат езерска вода

Пресушуваат изворите од кои Охрид се снабдува со вода за пиење.Бидејќи издашноста на Летничките извори е мала, а Билјанините секнаа, градот се’ повеќе потребите од водоснабдување ги задоволува со испумпување на вода од Охридското езеро. Ако со септември издашноста на Летничите извори била 26 литри во секунда, сега е 18 литри во секунда,водостојот опаѓа така што за да се испорачаат 320 литри вода во секунда колку што му се потребни на градот, покрај спомнатите извори се користат и бунарите во Студенчишта, Метропол и селото Орман.Бидејќи изворската вода не е доволна,принудени сме или да ја користиме езерската вода или да копаме бунари-вели директотор на Ј.П. “Водовод”

Нема, ќе треба да се бараат бунари, ископини бунари за да се обезбедува вода. Економски неисплатливо е да се црпи вода ако имаме по слободен пат вода.Пумпите не оптеретуваат со многу струја, така да не е исплатливо да се испумпува вода од езерото за снабдување на градов-рече Светозар Стефановиќ-дир.на Ј.П” Водовод “ Охрид.

Екпертската јаност во повеќе наврати го стави на маса предлогот да се направат сите потребни истражувања студии и анализи, кои ќе дадат одговор, дали неповолната хидролошка сосотојба е единствената причина за пресушување на изворите и дали може перманентно да се користи водата од Охридското езеро за пиење.Но, колко ова решение е издражано?

Водата во езерото навистина е квалитетна и може да се наруши квалитетот на водата и секако издашноста на оние извори кои што извораат од Свети Наум и кои што го полнат Охридското езеро. Мислам дека  ќе се наруши и екосистемот и во краен случај таа вода е богата со органски материи, посебно планктон која што бара и посебен третман-рече Сашо Точко-Центар за јавно здравје.

Постои уште еден проект кој трајно би го решил проблемот во Охрид и охридско, но никако да се реализира,аико  е изготвен уште во 2009-та година. Се работи за изворите во село Свињишта кои имаат голема издашност, но во меѓувреме таму се изградиле две мали хидроцентрали така што овој проект паќа во вода,а за да се изготви нов проект треба и пари и време.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста