Извлечени паровите за 1/8-финалето во ЛШ

Очекувано, возбудливи пресметки и вистински фудбалски спектакл не` очекува во првата нокаут фаза од шампионската Лига на УЕФА. Актуелниот европски првак, Баерн Минхен за противник го доби Лацио, Барселона оди на мегдан со Пари Сен Жермен, а Реал Мадрид со Аталанта. Атлетико Мадрид ќе игра со Челси, Ливерпул со Лајпциг, Јувентус ќе се соочи со Порто, Манчестер Сити ќе ги измери силите со Борусија Менхенгладбах и Севиља во двомеч со Борусија Дортмунд. Ова се извлечените осминафинални двојки, првите средби се играат на 16 и 17, 23 и 24 февруари, а реваншите на 9 и 10, 16 и 17 март. За разлика од минатата сезона која кулминираше со револуционерен „фајнал-ејт“ во Португалија, засега се е по планот за завршница во стандардниот формат.


Осминафиналните парови во ЛШ:
Лацио – Баерн Минхен
Барселона – ПСЖ
Аталанта – Реал Мадрид
Атлетико Мадрид – Челзи
РБ Лајпциг – Ливерпул
Порто – Јувентус
Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити
Севиља – Борусија Дортмунд

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста