Извлечени групите за новата ракометна сезона

Ракометната федерација на Македонија денеска ја одржа ждрепката за првата фаза од новата сезона во Суперлигата.

Со оглед на проширувањето, форматот претпе промени, па така првиот дел е составен од две групи од по седум екипи.

Во првата се Струга, Јуниор Кисела Вода, Астраион, КЛ7, Охрид, Радовиш и Пролет. Втората, на прв поглед и понеизвесна ја сочинуваат Металург, Еурофарм Пелистер 2, Работничи, Бутел, Прилеп, Младост Богданци иТиквеш. Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се приклучат во плеј-офот напролет, а таму место од регуларниот дел ќе изборат првите три екипи од двете групи.

Останатите од 4 до 7 место ќе ја формираат плеј-аут групата. Натпреварувачката сезона почнува на 12 септември.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста