Извиси само Ленче Ристоска: Речиси сите обвинители на СЈО си се вдомија

Најголемиот број од обвинителите на СЈО си се вдомија, едни во Вишото јавно обвинителство, другите во она за гонење на организиран криминал и корупција. Извиси единствено Ленче Ристоска, која важеше за една од трите грации на СЈО, но прва се дистанцираше од сега осудената за „Рекет“, Катица Јанева. Виши јавни обвинители станаа Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми и Сашо Рајчев. Кај Вилма Русковска пак отидоа, Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. Ристоска, која аплицирала за место во организиран криминал беше одбиена. Оправдувањето на Советот на јавни обвинители е дека била премлада за да биде дел од тимот на Рускоска.

-Јас сум разочарана од одлуката на Советот. Навистина не знам зошто, и покрај демонстрираниот професионализам и интегритет, работата на случаи како „Таргет-Тврдина“, „Талир 1“ и „Талир 2“ и, паралелно, со тоа работа во „Еуроџаст“, за која сум пофалена од самата институција, јас не заслужувам унапредување, вели Русковска.

Изборот на имињата предизвика реакции во јавноста, посебно на Лиле Стефанова. Се огласи новинарот Томислав Кежаровски, чие обвинение во минатото го спреми токму таа. вели со обвинители како нејзе не се води борба против криминалот и корупцијата.

-Со Лиле Стефанова за обвинител, и тоа не било каков, добро е што зградите се таму каде што се, добро е што Обвинителството воопшто постои. Еднаш веќе напишав, еве пак ќе ви повторам: Како што со ‘Комодоре 64‘ не се прави напреден компјутерски систем, така и со Лиле Стефанова и послушниците како неа, не се прави ефикасен систем за борба против криминалот и корупцијата во Македонија, вели Томислав Кежаровски.

Инаку, СЈО иако сите очекуваа да ја донесе правдата во Македонија на крајот излезе целосно разочарување. Згасна тивко, откако нивната шефица Катица Јанева, беше обвинета и осудена во случајот „Рекет“ за што доби 7 години затвор, со неправосилна пресуда.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста