Извештај на УНЕСКО: Охрид дефинитивно ќе се најде на листата загрозени подрачја?

Охрид недвојбено ќе се најде на листата на загорозени подрачја- поради неисполнување на задолжителните барања дадени од Реактивната мисија на Унеско во април 2017-та,охридскиот регион ќе биде преместен на Листата на светско наследство во опасност.

-Тонеме, велат добро упатени лица кои успеале да го видат обемниот извештај на Унеско,за 4 години не успеавме да се справиме со дивограбите а што остана за друго. УНЕСКО ги исцрта црвените линии преку кои веќе нема да го толерираат Охрид, во обемниот извештајот на реактивната мисија кој е веќе готов,на стотици страници е наведени по однос на кои забелешки нема вистински напредок.

Причина број 1 е прекумерната урбанизација, дивоградбите долж крајбрежјето и во заштитеното подрачје на градот ,експлоатација на крајбрежјето, нарушување,  уништување на животната средина.Евидентно е загадување на езерото поради нефунционирање на колекторот,а деградација има и на културното наследство.Потоа, недоволната заштита на старата градска архитектура како и несоодветната конзервација и реставрација на заштитените подрачја и објекти. Со поставување на урбана опрема околу најзначајните знаменитости,градот се соочува со серизони проблеми кои го загрозуваат вредното светско наследство,поради тоа истите мора да се остранети-стои во извештајот.Забелешките се толку ригорозни, што се сугерира отстранување на сочевите колектори кои ги поставиле жителите во стариот дел на градот.

Студиите за влијание на дивоградбите врз универзални вредности на светското наследство актуелната власт имаше обврска да ја спроведе оваа мерка до декември 2018-та. УНЕСКО повторно бара од државава меѓу другото,да се забранат какви било урбани трансформации на брегот сè додека не се финализираат и усвојат ефективни законски решенија дотолку повеќе што е запрено усогласувањето со урбанистичките планови. Не се испочитува итната мерка побарана од УНЕСКО -најдоцна до февруари 2018 државата итно да ја стопира легализацијата на дивоградби.

Градоначалникот Георгиески тврди дека сеуште не го видел Извештајот на реактивната мисија затоа не можел да го коменитра истиот.Тој на крајот од минатата година проговори  на тема Унеско признавајќи  дека не се исполниле во целост препораките.

  • Касниме со стратешката еваулација на влијание на животната средина на бесправните објекти, касниме со отстранувањето на бесправните објекти, бидејки тоа е еден од најкомплицираните, скапи и најсложените процеси. Касниме со решавањето на депонијата Буково.Касниме со носењето на урбанистичките планови.И сето тоа ќе биде нотирано-рече Константин Ѓеорѓиески-градоначалник на Охрид.

И додека невладините бараат одговорност бидејќи се испушти шансата да се покаже вистински напредок во исполнување на забелешките,за Георгиески нема да било трагедија доколку Охрид се најде на листа на загрозени подрачја.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста