Извадена цела покуќнина: Нуркачи од земјава и регионот го чистат дното на Охридското Езеро

Во меѓународната еколошка акција за чистење на езерото,македонските и странските нуркачисе искилавија од вадење на столици,маси,делови од удобни лежалки кои послани на дното на Охридското езеро, беа доволни да се направи подводен ресторан.Нуркачите кои го познаваат Охридско како дланката на својата рака, чистејќи го езерото од цврст отпад кои нашите несовесни сограѓани го фрлаат,од вода извадија и делови од покуќнина,апарати за домаќинство,се што е потребно за опремување на простории за дневен престој или бања.Се извадија 3 потонати кајчиња,велосипед и гуми,а  го собраа и инвентарот кој од кафетериите вдолж крајбрежјето завршил во вода.

-Голема штета е што се случуваат вакви работи,во суштина треба да се пробуди свеста кај луѓето да го чуваат тоа што го имаат,затоа што е драгоцено, изјави Мирко Белења, нуркач од Србија.

-Најмногу очигледно и логично е, таму каде што гравитираат најголем број на туристи, се знае дека најмногу загадено е гратското пристаниште, изјави Јован Секулоски од нуркачкиот центар „Анфора“.

Во овие две децении нуркачите не можат да исчистат колку што охриѓани можат да фрлат отпад во езерото. Удавено во смет се и езерското дно во најубавите крајезерски предели,кај Музејот на вода и Градиште кои беа опфатени со акцијата за чистење.

-Недозволиво е овој прекрасен езерски басен з акој научниците  тврдат дека е стар околу 3 милиони години и во кој живеат ендемични видови на растителен и животински свет, да се исфрла најразличен отпад, изјави Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

-Не ме изнадува ова што се случува тука,ние го имаме Јадранското море и езерата каде што населението го фрла крупниот отпад,бидејќи немаше уредена места каде да се одлагаат, па  водата беше еден вод отпад каде што се фрлаше ѓубрето, изјави Роберт Калањ, нуркач од Хрватска.

Природата ни го дала најголемото богатство,езеро со чиста вода каква што нема никаде во светот,велат нуркачите кои упатија апел пред се’  до охриѓани,со своето совесно однесување да ја покажат љубовта и грижа за Охридското езеро.

Росица Голабоска

Advertisements