Израелците се префрлија на индонезиската болница во Газа, има нови жртви

Израелците се префрлија на индонезиската болница во Газа, има нови жртви

Најмалку осум лица загинаа во напад на Израелските одбранбени сили врз индонезиската болница во Појасот Газа, јавуваат светските агенции.

По воената операција во најголемиот болнички комплекс, Ал Шифа, израелската армија сега ја опколила индонезиската болница во Газа и ја гранатирала областа.

Наводно, главната операциска сала е уништена, и најмалку двајца лекари се повредени, а досега има и најмалку 8 загинати.

Болницата била нападната во текот на ноќта, без предупредување, тврди болничкиот персонал, и бараат итна помош од ОН и Црвениот крст.

Израел претходно ја обвини индонезиската болница дека е база за операции на борците на Хамас, што раководството на болницата го негираше.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста