Израел започна нова фаза од војната против Хамас

Израел започна нова фаза од војната против Хамас

Израелската армија започна нова фаза од својата инвазија на Газа, најави главниот воен портпарол Даниел Хагари, по силниот меѓународен притисок за намалување на обемот на офанзивата која предизвика големо уништување и смрт на цивили.

Хагари рече дека во таа фаза ќе бидат вклучени помалку копнени сили и ќе има помалку воздушни напади. Навестувајќи дека Израел ги деградирал воените способности на Хамас на северот на Газа, Хагари изјави дека армијата сега ќе се фокусира на упориштата на организацијата во јужниот и централниот дел на палестинската територија, особено околу градовите Кан Јунис и Деир ал-Балах.

Од друга страна, здравствените власти во Газа продолжуваат да известуваат за десетици смртни случаи во секојдневните воздушни напади. Вчера беше објавено дека претходната ноќ биле убиени 247 луѓе, што е најголем број убиени во еден ден од почетокот на војната.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста