Израел има нов лек за корона вирусот

Израел тврди дека е пронајден нов лек против корона вирусот.  Во израелската болница „Ишилов“ успешно е завршена првата фаза од тестирањето на иновативниот лек против корона вирус, соопштува Министерството за надворешни работи на Израел.

Лекот EXO-CD24, за кој Израел тврди дека е новиот лек против опасниот вирус, се применува така што пациентот директно го вдишува во градите неколку минути еднаш дневно во период од пет дена и на тој начин ја прекинува ткн. цитокинска бура која ја предизвикува вирусот САРС-КоВ-2.

Вирусот на Ковид-19 предизвикува симптоми во две клучни фази. Првата фаза се јавува кај 5-7 отсто од пациентите, обично кај оние кои се наоѓаат во ризични категории, а се карактеризира со прекумерна активност на имунолошкиот систем. Од 30 пацинети кои биле со умерено тешка состојба, и  го користеле новиот лек, 29 излегле од болница за 3-5 дена. Последниот пациент исто така оздравел, но му бил потребен подолг временски период

Досега, покрај бескрајните напори, ниту еден лек не се покажа ефикасен во лекувањето на корона вирусот, се наведува во извештајот.

„Дури и ако вакцините си ја одработат работата, дури и ако не дојде до нови мутации, корона вирусот ќе остане со нас на овој или на оној начин. Затоа го развивме овој единствен лек. Ова е настан без преседан. Поминаа околу шест месеци од моментот кога го направивме концептот на лекот и технологијата за негово производство, додека не почнавме со тестирање на луѓе во првата клиничка фаза“, рече професорот Надир Арбер, еден од најистакнатите болнички лекари и истражувачи кој работеше на овој лек.

Новиот  лек е развиен во лабораторијата на професорот Нарид Арбер во Медицинскиот центар Сураски во Тел Авив и е наменет за пациенти со умерено тешка до критична здравствена состојба, за да се спречи нејзиното влошувањe.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста