Изненадувачка елиминација на Серена Вилијамс во 1/4 финалето на турнирот во Лексингтон

Поранешната најдобра тенсиерка на светот го заврши настапот откако загуби од својата сонародничка Шелби Роџерс која во моментов е 116-та на ВТА листата. Серена иако го одби првиот сет убедливо со 6:1, ги загуби следните два со 6:4 и 7:6. Роџерс во полуфиналето ќе игра со Џил Тајхман која беше подобра од Кетрин Белис со 6:2 и 6:4. Во полуфиналето се најде и младата надеж Коко Гоф, која ја совлада осмата носителка Ан Жабер со 2:1 во сетови. Гоф во борбата за финале ќе се соочи со Џенифер Брејди, која во четвртфиналето убедливо со 2:0 ја елиминираше Марија Бузкова .