Измачувале куче на улица, па завршиле во станица

Х.Л.(45) од Тетово пријавила во полиција дека неколку лица измачувале куче на улицата „ЈНА“ во Тетово.

Портпарлот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски истакна дека случајот е пријавен во 17:20 часот од страна на Х.Л. со која напаѓачите се расправале.

Во врска со случајот едно лице било повикано на разговор во Полициската станица Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста