Излета возило од пат кај Брвеница, Тетовско

На 21.09.2020 околу 05.15 часот во близина на угостителски објект во с.Зајас, кичевско, патничко моторно возило „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(25) од с.Брвеница, тетовско, излетало надвор од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.А и сопатничката М.А.(24) од с.Брвеница кои биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста