Изиграна надеж – Самохраниот родител Љупче Смилев од Штип, се жали дека политичарите злоупотребиле неговата судбина

Гнев и револт кај самохраниот татко кој со вода и шеќер, намето со млеко го хранеше своето дваесетмесечно бебе.Штипјанецот Љупче Смилев тврди дека неговата беда и очај, била искористена само за дневно политички поени, а ветувањата за подобар живот што ги добил од градоначалникот, останале само празни ветувања. Ниту ми помагнаа со детето, ниту ми дадоа работа, вели Смилев. Престојот во градинка го подмирила приватна компанија, а тој наместо сигурна плата и осигурување, добил работа во градежна фирма. Во изминатите пет дена работел се и сешто. Копал дупки, ѕидал, раскажува Смилев, но фактот дека никој ниту му кажал колкава ќе му биде платата, ниту му побарале документи да го осигурат, ја прелеало чашата.

 „Градоначалникот се двоумеше дали ме вработи во комуналното претпријатие или во приватна фирма. Се двоумеше и на крај ме упати во приватна фирма каде ниту ми побара договор, ниту потпишав било какви документи„- изјави Љупче Смилев.

Од Општина Штип велат дека Смилев не бил осигуран бидејќи ги немал потребните документи, а во комуналното претпријатие не го вработиле затоа што се работело во три смени..

 „ Пошто тој е самохран родител , најдобра опција за него ќе беше да работи во една смена. Фирмата во којашто го пуштивме да работи му даде работа од понеделник до петок„ –изјави Сашко Николов, градоначалник на Штип

Центарот за социјални работи се уште вонбрачно му го нема доверено малиот Андреј. Изготвено му е решение за надзор на родителско право, за службите да утврдат дали соодветно се грижи за детето кое е напуштено од мајка си. Дваесет и тригодишниот Љупче Смилев е самохраниот татко кој раскажувајќи ја својата трогателна приказна во емисијата „Срце на дланка„ на Алфа, на нозе ја крена целата македонска јавност. Помош пристигна од секаде, а целосно се реновира и собата од 20квадрати каде со својот син живеат под кирија.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста