Изградба на хотел покрај Црн Дрим ја испразни реката?

Веќе две недели водостојот на реката Црн Дрим во Струга е на минимум, од Електрани на Македонија велат дека намаленото ниво на Црн Дрим е врз основа на барање на општина Струга, доставено на 15-ти септември, од – како што е наведено во истото ,,причини поврзани со технички потреби- проверки и работа на системот на осветлување”.  

А.Д.”EСМ”: До овој момент не сме известени од барателот дека работите се завршени, а еднострано подигањето на нивото на водата без потврда и најава за истото може да доведе до загрозување на материјални и човечки ресурси на терен.

Од ЕСМ дополнуваат дека редовна практика е да се одговара потврдно на барањата доставени од општина Струга, за изведување работи во близината или во самото речно корито за различни проекти:чистење, санирање, изведување работи и слично. Но, согласно Законот за води – за заштита на водите во урбаните подрачја од друго штетно дејство надлежни се општините.

Но,системот за осветлување во Дримот кој општината го постави пред 3 месеци, веќе извесен период не работи, светилките престанаа да светат во исто време кога на локација покрај самиот кеј на реката се изведуваат градежни активности, а јавноста шпекулира дека се гради хотел. Побаравме информација од општината дали една од причините за намалување на новото на Дримот се токму  градежните активности и дали е точно дека ќе се гради хотел, но одговор не добивме.

Природонаучниците укажуваат дека ваквите социлации на речните води се погубни за животинскиот и растителниот свет.

Зборувам како научен работник, живиот свет несомнено дека претрпува огромни последици поради тие индуцирани односно предизвикани осцилации вештачки. Мене ми е многу жал што Хидробиолошкиот Институт не е запознаен со такви активности кои се превземаат и покрај тоа што ние сме надлежни да даваме свои мислења, па дури и согласности за изведување на одредени проекти и активности во целото сливнои подрачје на Охридско езеро, рече Орхидеја Тасеска, директор на Хидробиолошки Институт.

Ова не е прв пат нивото на реката Црн Дрим да биде спуштено на минимум, само лани тоа се случи во два наврати заради изведување на градежни активности на објекти покрај самиот кеј.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста