Изгоре автобус на ЈСП во Ѓорче, повредени нема (ВИДЕО)

Нема повредени во пожарот кој избувна во двокатен автобус на ЈСП-Скопје во населбата Ѓорче Петров, а засега не се познати причините зошто избувнал пожар. Очевидци велат дека сите патници навреме излегле надвор, а противпожарните возила пристигнале за десетина минути. Од противпожарната бригада, за Алфа велат дека интервенирале со две возила и пет пожарникари.

Пожарот оштетил неколку прозорци на куќи близу улицата каде што горел автобусот.

На лице место екипата на Алфа освен противпожарни и полициски возила, забележа и членови на внатрешната контрола на ЈСП.