„Изгор“ патарини – 720 денари од Скопје до Гевгелија и назад

Автопатот Скопје-Гевгелија е најскапата делница во државата. За извозени 300 км. во двата правци, за патарини треба да се плати  720 денари, што е 41 % од сумата што ќе се потроши за гориво од Скопје до Гевгелија и назад.  Поради ваквите изгор тарифник  Македонија спаѓа во групата на земји со високи цени за патарини. И граѓаните реагираат . Велат цените мора да бидат пореални и скроени по македонски стандарди..

И додека надлежните се правдаат дека парите од патарините ги вложуваат во реконструкиција и изградба на нови автопати, граѓаните алармираат дека патиштата не ни се бвезбедни. Дупки, свлечишта, одрони од карпи  се честа слика по македонските патишта.

Дека граѓаните плаќат премногу покажува и официјалниот тарифник на АМСМ. За релацијата Скопје-Игуменица, преку Гевгелија за извозени 529км се плаќа 16,70 евра за патарини , од кои 360 денари или 7евра се за патарини во Македонија. Според  анализите, 2021 Јавното претпријатие Државни патишта ја заврши со рекордна наплата на патарини. Успеале да инкасират 46,6милиони денари, што е за 12,1милион евра повеќе во однос на 2020.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста