Изчезнати милиони, афери, скапи стајлинзи – судството во 2020

Афери, исчезнати милионски суми на пари, тргување со влијание и скапи стајлинзи…ова ја обележа 2020 година во скопскиот кривичен суд, кој на моменти повеќе личеше на модна писта отколку на место каде се бара правдата.

Отворени случаи многу, разрешниците се бројат на прсти. Од низата скандали се затвори случајот Рекет, казна затвор се изрече…

Но парите не се најдоа.

Засега во затвор е само Кичеец кој ја призна вината, Боки и Катица се во домашен притвор. Кога му ја изрекоа казната на Јовановски тој упати порака каде да се бараат рекетираните пари во Македонија…

Поранешниот шоу мен, водител, пејач, е вмешан во уште една афера Меѓународен сојуз за која е отворена истрага, но минуваат месеци, а случајот не е ни при крај. Станува збор за предмет во кој се истражува идеја за изградба на старечки домови за кои наводно Боки 13 зел пари од бизнисмени, но тие никогаш не се изградија. Опозицијата до обвинителството за овој случај достави и бомби.

Уште нема разрешница ни за случајот за екс директорот на фондот за здравство Ден Дончев кој си поднесе оставка од функцијата, по аферата со фирмата Дијамед, која во 2013 година доби концесија за дијализа на бубрежно болни, но се испитува видеото на кое се гледа како тој зема и става кеш пари во торба. Од обвинителството велат чекаат меѓународна правна помош за понатамошно работење.

Нема разрешница ни за Лидија Димова која даваше баснословни суми на пари од европските фондови на фризерници, тренинзи за магариња. Ја разрешнија, но кривична одговорност засега нема. Од ОЈО велат предметот бил во истражна постапка.

Овие предмети во 2020 не се решија, ама се затвори случајот Леонардо, за екс генералниот секретар на Владата, Рашковски. Обвинителството  одлучи дека нема основа за негово гонење…Случајот се однесува на спорниот тендер за набавка на радарски систем за М-НАВ, државна компанија за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија..

Имаше и случај во кој се тужеа обвинителката Русковска и партијата ВМРО-ДПМНЕ, таа не спиела и станала анксиозна од изборните спотови на опозицијата, ама спорот не го доби. И оваа година продолжија рочиштата за Титаник, ТНТ, 27 април, Тенк…за набавката на блиндираниот мерцедес во септември во затвор заврши екс министерката на МВР Јанкуловка..

Судството Заев велеше дека е отворено како пупка, најавуваше ветинг, ветингот годинава не се реализираше исто како и во изминатите 4 години..Прашање е дали со вакво судство имаме шанси за ЕУ…

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста