Изборна кампања во кризна состојба – опозицијата бара одговорност

Вчера Владата прогласи кризна состојба за цела држава, а денеска политичките партии почнуваат кампања за избор на градоначалник во Штип и Пласница.

Дали и колку изборите ќе влијаат на влошување на ковид кризата во Македонија, особено ако се земе предвид дека секојдневно бројката на новозаразени постигнува над 1000, а и бројот на починати секои 24 часа е двоцифрен.

Дел од аналитичарите, децидни, избори во време кога се прогласува кризна состојба е нелогичен чекор. Се загрозува здравјето на граѓаните, но и ризикот за ширење на вирусот.

Од Државната изборна комисија велат дека се подготвени да се соочат со уште еден предизвик на избори во корона, тврдат ќе се почитувале сите мерки и препораки пропишани од комисијата за заразни болести.

Во изборната трка ќе учествуваат 5 кандидати, односно претенденти за градоначалничкото столче од СДСМ, ТМРО,Интергра, колицијата Иднината во наши раце, како и еден незавиден кандидат. Најголемата опозициска партија реши да не учествува на изборите.

Што направија Филипче и Заев? Закопаа 1426 граѓани од почеток на кризата, наместо живот спремаат избори во кризна состојба, подготвуваат корона кланица. Филипче ја стави Македонија на врвот на регионалната листа по починати лица од корона вирусот. Последнава недела во земјава умирал по еден човек на секој саат време велат од најголемата опозициска партија.

Инаку во Штип од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 2296 позитивни случаи на корона вирус, а во моментов има 502 активни случаи. Во Кичево каде припаѓа Пласница, до сега се регистрирани 1023 случаи а во моментов заразени се 426 граѓани. Но тоа не ги спречи останатите политички партии да тераат избори, велат кампањата ќе била онлајн.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста