Изборите во САД ќе се решаваат во седум колебливи држави
Свинг или одлучувачка држава, според дефиниција, е онаа држава која „се смета дека игра клучна улога во исходот на претседателските избори“ и каде кандидатите и на Демократската и на Републиканската партија „имаат слични нивоа на поддршка“. Гласањето често е слично за време на секој циклус на претседателските избори, иако факторите како промената на демографијата и излезноста може да направат таа да стане повеќе ориентирана на страната на едната или другата партија. Џорџија, на пример, влезе во категоријата „swing state“ по изненадувачката победа на Бајден таму во 2020 година.
И Харис и Трамп ваквите државите ги сметаат како приоритет на нивните кампањи, насочени кон нив со повеќе посети и митинзи додека изборната сезона се приближува кон 5-ти ноември.
Аризона со 11 електорски гласови беше на страната на Трамп во 2016 година а потоа доведе и до тесна победа на Бајден во 2020 година, и го сруши деценискиот тренд, бидејќи републикански кандидат ја освојуваа државата на сите други претходни претседателски избори.
Џорџија со 16 електорски гласови е уште еден пример за тоа како може да варира групата на одлучувачки или превртливи држави.
Големата победа на Бајден таму во 2020 година беше првпат демократски претседателски кандидат да ја освои државата по Бил Клинтон во 1992 година.
Мичиген со 15 електорски гласови секогаш била демократска во последниве децении. Тоа е една од трите држави – заедно со Пенсилванија и Висконсин – кои формираа „син ѕид“ за Бајден во 2020 година, но Трамп ги освои кога противничка му беше поранешната државна секретарка Хилари Клинтон во 2016 година.
„Предвидувањето на нивниот глас станува многу предизвикувачки, бидејќи како тие гласаат на едни избори не мора да значи дека ќе гласаат на следните избори. И тие се озлогласени разделувачи на билети, нели? Значи, тие гласаат поинаку“, вели Том Рајли од државниот универзитет во Аризона.
Невада со 6 електорски гласови има најмал број електорски гласови меѓу седумте превртливи држави не треба да ја минимизира нејзината важност на претседателските избори.
Победата на Бајден во 2020 година ја означи четвртата последователна победа на демократските кандидати во Силвер Стејт, но разликата беше релативно мала таа година.
„Значи, нештата како платите, нештата како невработеноста, работите како достапноста на становите, само инфлацијата воопшто. Значи, работите како што се цените на горивото, сите тие нешта влијаат на луѓето малку повеќе овде во Невада отколку на некои други држави“, вели Кен Милер, Универзитет во Невада, Лас Вегас.
Северна Каролина со 16 електорски гласови според анализите е „наклонета кон републиканците“, но тоа може да се промени. Трамп ја освои Северна Каролина за само 1,3 процентни поени во 2020 година. Демократите се надеваат дека ќе ги освојат Северна Каролина и Џорџија оваа година.
Пенсилванија со 19 електорски гласови беше на страната на Бајден во 2020 година.
Победата на Трамп таму во 2016 година, сепак, ја прекина низата демократски кандидати кои ја освојуваа државата, а Бајден победи само со 1,2 процентни поени пред четири години.
Висконсин, држава со 10 електорски гласови некогаш се сметаше за сигурна сина држава, се додека Трамп не извојува победа таму во 2016 година и го зацементира својот статус на бојно поле. Бајден потоа го преврте сценариото со неговата тесна победа во 2020 година.
93-те електорски гласови во овие седум сојузни држави се очекува да бидат клучни во трката за Белата куќа меѓу Камала Харис и Доналд Трамп.
Повеќето држави во САД, традиционално гласаат за демократите или републиканците и ретко кога се случило тоа да биде поинаку освен во овие седум држави за кои некој не знае за кого ќе го дадат својот глас се до последен момент.
Од „Гласот на Америка“ за Алфа Јованчо Наумоски