ИЗБОРИТЕ НЕ СЕ ЗАВРШЕНИ, ПРАВНАТА БИТКА САМО ШТО ЗАПОЧНА, КАЖАА ОД ТИМОТ НА ТРАМП

Тимот на Доналд Трамп порача дека изборите се далеку од завршени и дека правната битка за оспорување на победата на Џо Бајден е само почеток.Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенени изнесе жестоки обвинувања за изборните измами, за што досега нема никакви докази. Ќе започне и истрага за изборни нерегуларности. Доналд Трамп досега нема признато пораз и продолжува да прави планови за задржување на власта. Тој денеска на Твитер уште еднаш обвини за „незамисливи и незаконски“ активности за време на гласањето. Администрацијата за општи работи, која управува со федералните агенции, засега не му дозволува на тимот на Бајден да започне со транзицијата, бидејќи победник на изборите сѐ уште не е прогласен.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста