Избори во Јуни по терк на власта со маски, скафандери и двојно помалку гласачи?!

Редици гласачи со маски и ракавици пред гласачките места на растојание од два метри.Внатре прскање со спреј за гласање, и заштита и со средства за дезинфекција. Избирачки одбори кои освен што ќе ги проверуваат личните документи на граѓаните ќе им мерат температура и со скафандери ќе носат изборен материјал кај заразени од корона. Ќе биде ли ваков амбиебтот за изборите во Македонија ако се спроведат во Јуни во услови на пандемија на корона?

Во вакви околности  и самиот процес на гласање би се одвивал двојно побавно. Претседателот на ДИК за Алфа вели дека според симулцијата направена изминатите години за гласање на еден граѓанин од влезот до пуштањето на гласачкото ливче во кутијата била потребна една и пол минута. Сега тоа време ќе се зголеми можеби и двојно. Особено би се отежнало гласањето во големите гласачки места во градовите кои бројат над 1100 гласачи. Најмалите гласачки места пак во некои рурални средини имаат по десет избирачи.

Ако на едно гласачко место во нормални услови за 12 часа можеле да гласаат 480 избирачи, при двојно зголемено време за гласање односно околу три минути по избирач следствејо би гласале двојно помалку односно 240 граѓани на едно избирачко место. Со гласање на секои две минути, на гласање би излегле 360 избирачи.

Дополнителни проблеми можат да бидат просторот неопходен за дистанца меѓу присутните и стравот кај избирачките одбори во вакви услови да спроведуваат избори.

“Комисијата за заразни болести треба да ни објасни какви протоколи треба да се спроведат за и граѓаните и избирачките односи да бидат заштиитени. По еден претставник од сите кандидатски листи и пет члена на избирачки  одбори тоа значи 20 луѓе присутни во просторија за гласање. Односно просторија од минимум 40 метри со почитување на препораките за дистанца од два метри. Во многу места изнајмуваме простории за гласање кои се далеку помали. И на граѓаните кои ќе гласаат во карантински услови не треба да им се одземе правото на глас”, вели Деркоски.

Власта инсистира на избори на 14 јуни.Опозицијата смета дека треба да се обезбеди здравјето на граѓаните а потоа да се оди на избори. Најоптимистичките прогнози од изборните органи беа за средина на Јули. На лидерската средба кај Пендаровски утре треба дфа се разговара за следните мерки и изборен датум.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста