Изборен ден и на четири избирачки места во Крушево и Долнени

Прегласувачкиот изборен процес на избирачките места 1470 и 1470/1 во селото Дебреште, општина Долнени, како и на избирачките места 1194 и 1202 во селата Бучин и Јакреново во општина Крушево, се одвива во мирна атмосфера и без нерегуларности. Во општина Крушево на двете избирачки места денеска вкупно прегласуваат 767 гласачи, или 469 избирачи на ИМ 1194 и 298 на ИМ 1202. Во општина Долнени пак, вкупно прегласуваат 1290 гласачи, или на ИМ 1470 запишани се 658 граѓани, а на ИМ 1470/1 гласаат 632 лица.

  Според ДИК излезноста на овие избирачки места до 13 часот е 16,82 индексни поени, а додека на двете избирачки места во општина Крушево изнесува 25,81 процент и споредено со истиот период од изборите на 8 мај, излезноста е нешто помала со оглед на тоа што денеска е работен ден, а и станува збор за рурални средини каде гласачите имаат земјоделски работи.

  Инаку, како што е познато во текот на вчерашниот ден на овие избирачки места гласаа и болните и изнемоштени лица. Во општина Долнени такви лица имало 9, а додека во Крушево 26. Освен овие лица, вчера гласале и тројца затвореници од прилепскиот Затвор. Резултатите од овие гласања ќе бидат отковертирани вечерва, по затворањето и на избирачките места во 19 часот.

Kаролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )