Избегната трагедија во Тетово, наместо главната пресечена споредната цефка за довод на кислород во тетовската болница

Трагедија избегната во тетовската клиничка болница.120-те пациенти заразени со ковид кои се лекуваат во моментот, за малку можеле да останат без кислород и веројатно како последица на тоа и да починат.Засега непознато лице, околу 7 часот утрото ја оштетило споредната цефка за довод на кислород,но, за среќа не успеало да ја искине и главната, преку која всушност, пациентите добиваат кислородна поддршка.Лекарите не сакаат ниту да помислат, што можеше да се случи.

Споредната цефка е намената само за Ургентниот центар, но,таму за среќа во моментот немало пациенти.

Кој е сторителот и дали намерата била да се оштети главниот довод на кислород, полицијата итражува.Во болницата велат,дека имаат обезбедување, но,се се случило за миг. На почетокот на четвртиот бран,поради напливот на пациенти и зголемениот обем на работа, побарале помош од АРМ и МВР,но,не добиле.После овој случај,кој можеше да заврши трагично за стотина семејства, се надеваат на позитивен одговор.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста