Ивановска за Алфа: Потребен е референдум за да се види дали граѓаните сакаат облакодери кај ГТЦ
Инвеститорите без пречки ќе добијат градежна дозвола за изградба на фамозните облакодери високи над 80 метри во центарот на Скопје. Според претседателката на антикорупциска неопходен е граѓански притисок да се суспендира ДУП – от кој не е во согласност со Генералниот урбанистички план и 8,8 пати ги надминува параметрите на ГУП-от во однос на површината за домување и бројот на жители.
Каде е граѓанскиот притисок баш сега? Неопходен е оти има можност под притисок да се суспендира деталниот кој не е во согласно со генералниот урбанистички план. Зошто до сега не е направено суспендирањето?! Овој план, С08, кај Холидеј ин, 8,8 пати го надминува генералниот урбанистички план. Во Скопје: котлина, трусно подрачје со земјотреси… па не треба да сме архитекти за да знаеме дека не треба тоа да се прави. Ја поддржувам идејата дека граѓаните треба на референдум да се изјаснат. Мислам дека тоа е решение во случајот бидејќи системот не функционира – вели претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.
Инвеститорите меѓутоа не губат време да се реализира планот. Веќе е направена пресметка за износот на комуналии што треба да се плати на Општина Центар и Град скопје, и вкупно изнесува 150 милиони денари.
Граѓаните лути на оваа идеја. Велат дека главниот град е пренатрупан, и нема потреба нови градби.
Се обративме до Општина Центар колку и какви згради точно ќе се градат на големиот паркинг спроти ГТЦ но од таму молк. Неофицијално, предвидено е проектот да се реализира во три фази а крајниот резултат ќе бидат три кули од 15. 20 и 25 ката.
Адријана Алексиеска