Македонија ќе потпише нов документ за да ја задоволи Бугарија

Власта подготвува нов протокол или декларација со Бугарија, настрана од Договорот за добрососедство, кои ќе значеле гаранции во преговорите за тргање на бугарското вето. Шефот на македонската дипломатија се правда дека била воспоставена праксата за вакви протоколи, но не открива зошто она што беше договорено во 2017-та не е доволна гаранција во оваа фаза на преговорите –  договорот бил само рамката по која требало да се движат билатералните односи.

Османи и без конкретен одговор дали она што бугарскиот премиер Петков го најави дека заеднички ќе ја известат ЕК дека Македонија се согласила да го отвори повторно Уставот и да ги вметне македонските Бугари, ќе стане и предуслов на Брисел за почнување на преговорите. Во завиена форма не исклучува можност новите условувања околу отворањето на Уставот да станат дел и од преговарачката рамка – сепак тоа било одлука на сите земји членки на Унијата.

По Конференцијата во Минхен стана јасно дека Бугарската влада повторно го диктира темпото на преговорите, па додека македонските власти молчат за она што се зборувало на состаноците, бугарскиот премиер јасно кажа дека сега вметнувањето на бугарското малцинство во македонскиот Устав е условот за тргање на бугарското вето за македнските интеграции, без притоа воопшто да се разговара за реципроцитет од бугарска страна.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста