Иван Ракитиќ ќе се врати во Севиља

Иван Ракитиќ ќе се врати во Севиља, клубот каде се прослави и обезбеди трансфер во Барселона, тврди „Ел Мундо Депортиво“. Не е тајна дека Хрватот веќе подолго време е на излезна врата од Камп Ноу, иако има договор до идното лето. Наводно, Каталонците прифатија понуда од 10 милиони евра, се со цел да го ослободат буџетот поради високата плата што ја има Хрватот. Со иста судбина ќе се соочат повеќе староседелци во Барселона.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста