Итната помош кубури и со кадар и со опрема

Дефицитот на кадар, проблем и за Брзата помош. Во моментов има само 40 лекари, а само во Скопје недостасуваат уште толку. Оваа служба работи со дотраена опрема, а вработените таму одат во дупли смени за да спасат човечки животи.

Министерот Филипче, кој се пофали со набавка на 12 нови амбулантни возила, признава дека има дефицит на кадар, и најави решение. Во иднина ќе се објавеле конкурси и за сестри, а и за веќе лиценцирани млади лекари.

Нејасно е зошто се прават ваквите чекори, и дали ова значи дека власта се премисува за идејата „јавно-приватно партнерство“ за оваа служба, бидејќи иако најавувана околу пет месеци, се уште нема резултати од физибилити студијата за оправданоста приватниот сектор да ја финансира и да стопанисува со Брзата помош и со Домашната посета. Досега, неколку пати се продолжуваше рокот за изработка, а Филипче вели дека економскиот оператор си барал одложување, кое му било одобрено.

Сања Трајковска Ставров