ИТАЛИЈА НА ПЕНАЛИ (5-3) ЈА ПОБЕДИ ШПАНИЈА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ФУДБАЛСКОТО ЕП

Селекцијата на Италија е прв финалист на Европското фудбалско првенство откако во синоќешното полуфинале во Лондон беше подобра од Шпанија и тоа по изведувањето пенали. Аѕурите во шестиот меч за прв пат не победија на овој шампионат, но затоа Донарума бранеше одлично и во основните 90 минути кои завршија со 1-1, резултат кој остана и по дополнителните 30, но и во серијата од 11 метри кога одбрани еден удар, а еден заврши над неговиот гол. Шпанците имаа повеќе од играта, повеќе и позрели шанси, но беа во негатива од 60-тата кога Киеза ги доведе Италијанците во водтсво, кое го анулира Мората во 80-тата. В недела на Вембли Италија ќе се појави во четвртото финале и ќе се обиде да дојде до втората титула, по таа во 1968-та.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста