Италија ќе исплаќа половина од цената на авиобилетите на туристите

Сè повеќе земји во светот се подготвуваат да ги ублажат мерките заради подобрување на состојбата со пандемијата на коронавирус, а еден од најголемите предизвици е зачувување на туристичката сезона, особено за земјите чија економија во голема мерка зависи од туризмот.

Една таква земја е Италија, која веќе подготвува мерки за спас на туризмот. На пример, Сицилија ќе плати половина од цената на картите за летовите на туристите, потоа третина од сметките за сместување во хотели и ќе обезбеди бесплатни билети за музеите, објави The ​​Times.

Регионалната влада има буџет од 50 милиони евра подготвен да го спаси туристичкиот сектор. Првичните проценки сугерираат дека земјата изгубила околу милијарда евра во овој сектор во март и април. 13% од БДП на Италија го сочинува туризмот.

Првото ублажување на мерките во Италија започнува на 4 мај, но како и во остатокот од светот, тоа ќе се изврши во посебни услови, со строги мерки на социјална дистанцираност.

Италија се приближува до бројот на 200.000 случаи на коронавирус, а пријавени се скоро 26.000 смртни случаи.

Advertisements