Италија е европски шампион, Англија поразена на пенали!
Италија е новиот фудбалски владетел на Стариот Континент, и тоа по подобро изведувње пенали против Англија во големото финале на Вембли. „Аѕрурите“ по 55 години одново се на кровот на Европа, а „Гордиот Албион“ и покрај домашниот терен, и покрај огромната поддршка од публиката, останува да копнее за највисоко европско одличје. Англичаните го отворија резултатот по само две минути игра благодарение на Шо, кој одговори маестрално по една нафрлена топка од Трипие. Напаѓачите целосно потфрлија на двата тима, па изедначување за Италијанците донесе Киелини во 67та минута. Резултатот 1-1 остана до крајот на мечот, и по дополнителните 30 минути. Во пенал серијата, Донарума излезе херој за Италија откако фати три удари по ред, на Рашфрод, на Санчо и на Сака за 3-2 или вкупни 4-3. Победа за втора европска титула, или вкупно шестта за Италија, сметајќи ги четирите Мундијалски злата. Англија, која се смета за колевка на фудбалот останува со единствениот освоен трофеј од СП далечната 1966 година.