Истрагата ќе покаже дали експлозијата во објектот на Мисајловски има политичка позадина

Испраќа ли власта заканувачки пораки уште пред почетокот на изборната кампања?Истрагата на полицијата треба да покаже дали инцидентот со експлозијата во објектот во сопственост на семејството на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мисајловски има политичка позадина. Околу три часот и четириесет минути изутрината од објектот на главната улица во Ѓорче Петров се слушнала детонација и почнал да излегува чад. Влезната врата била целосно извадена од лежиштето и била причинета материјална штета. Мисајловски на Фејсбук потсети и на инцидентот од 2017 кога беше опожарен и неговиот дом. Вели заканите нема да го исплашат. Без оглед на тоа каква е нарачката. Според него пораката пред стартот на кампањата сама се испишува, но таа нема да го поколеба.

Мицкоски прстот го впери кон СДСМ. Потегот на социјадемократите го смета за показател за немоќ и страв од изборен пораз.

“Ги повикувам да не конструираат вакви сценарија. Бидејќи и по 15 јули треба да има живот во нашата држава. Ова не е добро. Затоа што во физиката има њутнов закон кој што вели секоја акција има и своја реакција. Не им се плашиме. напротив ова повеќе не мотивира. Сега за сега ќе бидеме трпеливи и ќе почекаме институциите да го расветлат настанот, но ако институциите не го расветлат настанот јас им ветувам дека по 15 јули ќе ги стигне правдата”, изјави тој.

Власта го осуди инцидентот и го повика Чулев да ги открие сторителите.

“Најповикан во овој случај е министерот за внатрешни работи кој можеме ние како граѓани да видиме за што го злоупиотребува министерството за внатрешни работи. И го повикувам Мицкоски да каже од каде му е таквата информација затоа што сме убедени во тоа што го кажуваме”, изјави портпаролот Костадинов.

Од МВР информираат дека нема повредени и дека се работи на расчистување на случајот.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста