Историското плеј-оф деби за Дончиќ, Далас стартуваше со пораз од Ла Клиперс

Денвер, Торонто, Бостон и ЛА Клиперс со почетно водство во плјеофот на НБА. Највозбудлив беше мечот меѓу тимот од Лос Анџелес и Далас, во кој Клиперси славеа со 118-110. Кавај Ленард предводеше со 29 поени и 12 скока, а на спортивната страна Лука Дончиќ испиша историја. Словенецот стана првиот кошаркар кој на своето плеј-оф деби постигна над 40 поени. Тој заврши со 42 коша, 7 скока и 9 асистенцции. На останатите три воведни плејоф средби, Денвер по продолжение славеше над Јута 135-125, Бостон ја надигра Филаделфија 109-101 и актуелниот првак Торонто го прегази Бруклин со 134-110.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста