Историски ден за Македонија: Со засилено темпо се гради делницата Гостивар- Букојчани, од Скопје до Охрид ќе се стигнува за час и половина
После отворање на две табли, една шарена експлозија и неколку грандиозни најави од минатата власт конечно се гледа засилената динамика на терен за изградба на коридорите 8 и 10д. Изминативе четири месеци се работело дури и тројно повеќе од изминатите две години. Премиерот вели дека преговорите со “Бехтел и Енка“ почнале уште при неговата посета на самитот на НАТО во Вашингтон и процесот е деблокиран. Целта е, вели Мицкоски, Македонија да биде домаќин на три расрсници транспортна, железничка и енергетска.
„За нас ова претставува значаен момент, бидејќи буквално по две години ветувања и празни муабети денеска конечно може да се види нешто што треба да претставува дел од оној сон којшто го имаме како Влада, а тоа е како нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници. А тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска“, изјави Мицкоски.
Сонот стар 50 години конечно станува реалност. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најавува дека со завршување на проектот од Скопје до Охрид ќе се патува за помалку до 2 часа. Во процес на претселекција е и изборот на изведувач од Букојчани до Кичево.
Првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека помеѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде за 1,5 часа / Најсликовито, од третата или четвртата патарина продолжува до Гостивар и тука имаме комплетно ново решение од двете страни по три ленти, вкупно шест ленти и плус помошен пат. Од тука го заобиколува градот Гостивар, се движи над реката Врадар, оди на три големи мостови кои одат лево од Стража, се заобиколува Стража, оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во претселекција за избор на изведувач за новиот автопат и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот кој се гради, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Новата власт се соочила со бројни проблеми, најважно незавршена експропријација, а е обврска која мора да се заврши оти Македонија во спротивно со ставениот потпис од минатата Влада ќе треба да плаќа пенали
– До Нова година ќе ја завршиме ескпропријацијата целосно, а тоа ќе овозможи „Бехтел и Енка“ да работи непречено. За еден месец, расчистивме и два километри траса од дрвна маса, кој не била ни отпочната. Важно е дека работиме како тим и посветено за да се заврши овој проект – рече Трајановски.
Според американската амбасадорка, Ангела Агелер, она што се гледа на терен е само уште еден показател на добрата соработка меѓу САД и Македонија
Од конзорциумот „Бехтел и Енка“ изразија задоволство што дури 90 отсто од подизведувачите се македонски компании. Инаку делниците се дел од проектот кој е за изградба на коридорите 8 и 10 д кој го потпиша минатата Влада. Рокот за завршување е 4 години и 7 месеци.