Историчарите се оградуваат од Заев: Терминот „окупација“ е општоприфатен за улогата на Бугарија во ВСВ

Речиси целата македонска интелектуална елита, вклучувајќи ги и членовите од македонскиот тим на историската комисија со Бугарија бурно реагираа на ставовите на Заев искажани во вчерашнотот скандалозно интервју.

Прва реагираше историчарката Љубица Спасковска, член на комисијата, која апелираше политичарите да не се занимаваат со теми кои не ги разбираат.

Како член на македонскиот дел од комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза – пишува Љубица Спасковска.

Веднаш по неа, следеше и политикологот Огнен Вангелов, нејзин колега од македонско-бугарската комисијата, кој ги осуди последните изјави на премиерот.

Со остар тон се огласи и поранешниот директор на СОРОС фондацијата и еден од луѓето кои се најзаслужни за доаѓањето на Заев на власт. Владимир Милчин, ова што го прави Заев го нарече капитуланство, дека го продава она што не е негово.

Заев ги навреди и мртвите и живите. југославија не можеме да ја кудиме за Кузман Јосифовски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Стив Наумов, Орце Николов. Редица жртви на “администраторите”, кои не се воздржувале да убиваат и малолетноци! – пишува Владимир Милчин.

И историчарот Тодор Чепреганов со отворено писмо до Заев – Black friday-Тотална распродажба на македонскиот национален идентитет.Им порача на политичарите ветото кое го добивме од Бугарија, да им ги отвори очите.

Ништо од Договорот за пријателство и добрососедство. А, многумина укажуваа дека тој не е тоа. Дека е спротивното. Договор на уцени и омаловажување – пишува историчарот Тодор Чепреганов.

Пратеничката на опозициската ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Дафкова со подбивање истакна дека не треба да не чуди страсната бугарска политичка љубов кон Македонија, кога претседателот Пендаровски му шепоти на бугарскиот премиер љубави, а премиерот Заев го гушка својот колега како брат.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста