Истокот гори цел месец- пожарникарите без опрема и воздушна поддшка, штетите од пожарите огромни

Во источниот регион не престанува да гори веќе еден месец. Огнените стихии пеплосаа над 1000хектари само во атарите на Кочани и Карбинци. Пламените јазици проголтаа борови шуми стари триесет години, лозја, неожнеани ниви со житарици, но испишаа и човечки судбини. Семејството Гребенакови остана без ништо. Се она што го создавале со години го изгубија преку ноќ. НИвниот бизнис со егзотично овошје и викенд куќата во која живееја е целосно уништена..

„Они беа целите изгубени.Се бориме со депресија и ова сега е вистински шок за нив. Среќа што имаме стан во Скопје. Мажот ми се расплака, не сака да се врати таму. Но друг излез немам. Овде се ми изгоре, не можеме да живееме овде„-изјави Даринка Гребенакова, сопственик на викендица.

Нанесена е голема матрејална штета. Општина Карбинци веќе формира комисија која треба да ја утврди висината на штетите.

 „ Ние како општина формиравме комисија и откако ќе биде изготвен извештајот ќе се презентира пред советот. Инаку ние како општина во буџетот немаме предвидено средства за овој дел„-изјави Јордан Насев, градоначалник на Карбинци

Честите пожари ги истоштија пожарникарите. Екипите кои се далеку под законскиот минимум дневно гасат и по три пожари, најчесто предизвикани од запалени стрништа. Најалармантна е состојбата во кочанската противпожарна служба. Имат на располагање само 17, иако според закон треба да се 31.

 „Сакам да упатаму апел до граѓаните. ДА бидат крајно внимателни кога се движат по полињата . да не ги палат стриштата, бидејќи овие денови имаме високи температури . Се соочуваме со секојдневни пожари три до четири на ден. Трошиме огромни ресурси . Ако продолжиме со вакво темпо може да очекуваме и поголеми опасности„- изјави Благој Паунов, командир на ППЕ-КОчани.

Излез од ситуацијата градоначалниците гледаат во формирање на доброволни противпожарни друштва.

Во меѓувреме полицијата се уште ги утврдува причините за големите пожари. Местното население се сомнева дека двата пожари во Карбинци се предизвикани од оголените кабли или трафостаницата што се наоѓа во нивна близина. Додека за големиот пожар што 48часа беснееше над КОчани претпоставуват дека е подметнат.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста