Истепан Тони Трајковски поранешниот градоначалник – одложено судењето на ТНТ (ФОТО)

Со модрици по лицето и телото синоќа поранешниот градоначалник на Гази Баба второобвинет во случајот ТНТ Тони Трајковски бил примен во ургентниот центар после  физички напад. Утрово неговиот адвокат во судница до судијата Огнен Ставрев поднел медицинска документација за претепаниот Трајковски, а во белешките стоело дека тој имал видливи повреди по главата и телото.

Судијата Ставрев, и покрај здравствената состојба на Трајковски нареди тој да се донесе во судница за еден час, во спортивно ќе бара стражарно да биде приведен. Брзајќи да донесе пресуда за предметот ТНТ судијата го одлага рочиштето за петкртатното убиство кај Смилковско езеро кое се случи на 12 април 2012 година.

Од МВР го потврдуваат случајот. Во полиција синоќа околу 23.35 часот Т.Т. пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница, по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив, се вели во соопштението од МВР.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста