Испис од градинка со платени сметки заклучно со мај, родителите реагираат

Родителите чии деца посетуваат градинка се бунат зошто се условени да чекаат до крајот на мај за да си ги испишат децата.На овој начин велат, освен за март и април,ќе мора да плаќаат семтка и за овој месец и покрај тоа што децата седеле дома.

Во градинките се правдаат дека сметките биле согласно правилниците, а исписите остануваат да бидат крајот на мај, оти така биле договорени.

Сеуште се чека одлука кога градинките ќе започнат да работат, и како ќе се држи настава, со какви мерки и заштита.Деновиве се правеле списоци, колку деца имаат потреба од итно згрижување.Поради стравот од ситуацијата со коронавирусот,речиси секаде бројката е и повеќе од преполовена.Во Тетово на пример, од околу 700 дечиња кои посетувале градинка, само стотина биле пријавени за враќање назад.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста