Искрен или од мака – Максим Димитриевски го осуди бришењето на сонцето од Кутлеш

Како истакнати функционери на СДСМ од големи поддржувачи на договорите со Грција и Бугарија одеднаш станаа критичари на истите?

Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово кој е во фокусот на вниманието изминатиов период, со најновиот фејсбук статус предизвика лавина на реакции. Напиша дека го боли брусењето на знамето од Кутлеш во Крива Паланка, но и во неговата изјава на социјалните мрежи го потенцира името Македонија, без претставката.

Како да ја избришам ВЕРГИНАТА на мојата чојана униформа, како да ги избришам тие спомени, како да си ја избришам сопствената историја…..

…ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ бил Бугарин толку колку што моето кумче кое студира во Бугарија е Бугарин кога ги полага испитите на факултетот а професорот ќе го праша како се чувствува, знам дека е горд Македонец докажан по ген, внук на првоборец, сепак мудриот премолчува, кумството ми е шест генерации и ќе продолжи ќе даде БОГ, напиша  Максим Димитриевски – градоначалник на Куманово.

Останува неодговорено зошто Димитиревски не пишуваше вакви статуси и не се спротивстави на неговата партија кога се потпишуваа договорите со кои де факто се брише македонскиот идентитет?  Алфа се обиде да добие одговор на овие прашања, но градоналачникот на Куманово не одговори на нашите телефонски повици. Пред 3 години Димитриевски се фотографираше и се поклонуваше на загинатите бугарски војници од Втората светска војна кај Страцин, без македонското знаме само си бугарското.

И не само тој. Актуелна е и изјавата на поранешниот премиер на Македонија, Владо Бучковски кој во интервју за бугарската телевизија Европа вели дека секој што посегнувал по нашиот јазик бил противник на зближувањето на Македонија и Бугарија.

А пред неколку години за блумбергтв.бг истакна:

– Договорот за добрососедство со Бугарија беше првиот сериозен тест за македонскиот премиер Зоран Заев. Договорите со Бугарија и со Грција ја зголемија почитта на земјата кај меѓународната заедница и ја направија фактор за стабилност во регионот, нагласува Бучковски.

Политички или други лични интереси – е дилемата зошто овие луѓе ги поддржаа погубните  политики на власта?

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста