Иселувањето е тренд кој не запира во државава, а кој е засилен последниве години

Eкономските причини,  непросперитот,  преголемата корупција и политизирањето во сите сегменти на општествениот живот го предизвикуваат се помасовното иселување на граѓаните од државата, сметаат експертите . Според последното пребројување, Македонија има речиси 200.000 жители помалку во однос на она од 2002 година, бројка еднаква на два поголеми градови. Експертите сметаат дека состојбата во изминатите 20 години само се влошува, а  трендот на иселување нема ни да запре.  

Една од главните карактееристики на едно општество е да обезбеди минимум услови за опстанок , очигледно во овој период на транзиција нашето општество не успело тоа да го направи и состојбата се повеќе се влошува .  Тоа е главната причина не само зошто младите не само од сега туку од почетокот на транзицијата си  одат од државава. Немаме јасна претстава како ќе се справи нашата држава понатаму, вели Социологот Константин Миноски.

Од државава се иселуваат не само младите туку и луѓето кои веќе се во посериозни години.  Граѓаните не заминуваат само поради економски причини, туку и заради тоа што не веруваат во системот, бараат поквалитетно образование, а и  тука е потребата за самореализациј која не можат да ја остварат дома .  Со еден збор, македонците се чувствуваат странци дома.

Далеку сме ние од тоа дека национланиот интерес и државниот интерес го штити владата.Ммногу имаме фактори, како довербата во институциите, а да не зборуваме за корупцијата која веќе стана нормалност во нашето живеење.  Тоа е она што прави луѓето да се чувствуваат  странци во својата држава. Ќе излезе дека  полесно е да кажете дека сте македонец во туѓа држава   отколку во сопствената.   Имате држава во која не може да спомнете македонски и тоа е еден од главните проблеми, додава Миноски.

Инаку, последната анализа  на фондацијата за демократија на Вестиминстер покажа дека  секој втор млад човек сака да си замине од Македонија.   Според  Мрежата за спречување на одлив на мозоци младите често си одат поради не економски причини како животната средина, можноста за образование.

Дополнително, МОН веќе две години нема стратегија за спречување на одливот на квалитетни кадри која траела од 2013-2020 година, а и додека ја имало не била приоритет.  Според мониторингот од „мрежата за одлив на мозоци“  била спроведена само во 11 %.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста