Иселениците не се враќаат во источна Македонија, нови тргнуваат по нивниот пат

Сонот за подобар живот ја празни ИсточнаМакедонија. Најдраматична е состојбата во Делчево, Берово, Виница каде цели села се иселени во Италија и Словенија.  Егзистенцијата  е главна причина за голем дел од младите вадат карта за Европа, но само во еден правец. Овде се едуцираат, а сонуваат за надвор. Речиси секој втор студент по медицина учи германски јазик. Во државата се останати само оние кои успеале да се вработат во државни институции или во наследство добиле имот од родителите. Фабриките се затворени, а во тие што работат се дава плата само како да се преживее. Во секое семејство има по еден гастрабајтер, велат жители на Делчево, град кои високо котира на скалата по иселување на младте кои својата иднина ја обезбедуваат вадејќи бугрски пасош.

  „Млади слабо. Сeга ќе видите на пазарот колку млади има. Останати се само стари. Младите избегаа оти нема што да работат. Се затворија фабриките, а не им се работи земјоделие“.

 „Сигурност! Егзистенцијата е многу важна. Младите знаат дека некаде има подобро и си го бараат тоа“.

„Многу е тежок животот! Син ми работеше во фабрика. Го избркаа! Не е женет, но и да се жени од што ќе ја прехранува фамилијата?! Таа жена ќе си бара, а тој од каде ќе обезбеди“, коментираат граѓани.

Ниту корона пандемијата не успеа младите да ги  врати во родната грутка, коментираат делчевци. Тие што заминаа, не ни планираат да се вратат. Потребни се системски решенија не да се вратат, туку да ги задржиме оние што не заминале, коментираат делчевци.

„Секако требат инвестиции. Треба да се отвараат фабрики. Требат странски инвестиции. Само така ќе дојде подобро утро и за нашиот град“, велат граѓаните.

Пописот ќе ја покаже реалната слика на егзодусот со кој се соочува источниот регион, но и целата држава. Според податоци на Светска Банка од земјава се иселени дури половина милион граѓани или една четвртина од населението.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста