Иселениците – клучни за економијата, но, ризик за ширење на вирусот – годинава се очекуваат во голем број

Колку се клучни за домашната економија,толку се ризик во моментов за влошување на состојбата со коронавирусот.Печалбарите,кои минатата година поради пандемијата не ја посетија земјава масовно,годинава се очекува да навалат.Академик Абдулменаф Беџети, вели дека тие се клучни за стопанството. Без разлика што минатата година не дојдоа во голем број, сепак, нивните пари влегле во државава.Оваа година, според него, прогнозите се дека ќе остават над 2 милијарди евра.

Некаде 1 милијарда и 500 милиони евра минатата година влегле во нашата држава, и гувернерката тоа го призна јавно, дека тое е најголемиот придонес за нашата економија.Жално е што ние ништо не правиме за нив, колку што тие прават за нас.Оваа година веројатно поради тоа затворање што беше, очекувам лично дека ќе има бум, и тие милијарда ќе стигнат над 2 милијарди,затоа што и тие веќе едвај чекаат да престојуваат туку и да дојдат – вели Абдулменаф Беџети- Универзитетски професор .

На овие очекување од експерите, лекарите не гледаат баш со оптимизам околу состојбата со вирусот.Опасноста велат,сеуште постои и покрај масовната вакцинација во светот.

Не можеме да сме комотни во оваа ситуација, ќе трае месец, два можеби дури и три додека трае вакцинацијата, така што опасноста уште постои.Најголем ризик би било тие што се инфицирани, или тие што сеуште не се вакцинирани и можат да пренесат – вели Д-р Гзим Нуредини- Ковид центар Тетово.

Исселениците кои се најбројни во полошкиот крај,традиционално летен период доаѓаат најмногу поради семејните веселби, а токму групирањата се најголем ризик за ширење на вирусот.Доколку надлежните ги олабават мерките и дозволат свадби, со сигурност во тетовско ќе ги има многу,што може да придонесе за влошување на состојбата со заразени,која после долго време, во моментов е смирена.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста